Инспекторите од трудов инспекторат направија надзор во фирмата „Алкон текс“ од Штип, каде беше направена спогодба и трансформации на над 270 работници во друга фирма и на договори од еден месец, информираат од невладината организација Гласен текстилец.

Инспекторите ги поништиле  тие спогодби и дадено е решение се да се врати во состојба пред да бидат ставени работниците во ситуација да потпишуваат нешто што не е во нивна корист.

-Ова е голема победа на вработените , но АПЕЛИРАМЕ постапката на потпишување на разни документи може да се повтори и да се случи, затоа не потпишувајте ништо!, велат од Гласен текстилец и посочуваат дека ќе продолжат да даваат помош и да ја следат состојбата.

-Заедно здружени можеме повеќе. Да внимаваме во време на ваква криза да не се случува нешто што ќе е на ваша штета, апелираат оттаму.