Со официјалното потпишување на меморандум со Грција за приклучување на Македонија во транс атланскиот гасовод попознат уште како ТАБ практично досегашниот единствени извор Рускиот гас за рок од 2,5 години ќе добие конкуренција и земјава ќе има алтернативен извор на снабдување а со тоа и поголема енергетска сигурност и стабилност.

Македонија се вклучува во изградбата на терминалот за течен природен гас во Александрополис во Грција во близина на границата со Турција. Овој терминал е нова независна точка за снабување со природен гас кој доаѓа од Азербејџан единстеваната земја на каспиското море која не е под Руско Влијание, како и течен гас од САД и од многу други земји по конкурентни цени.

Владините анализи покажале дека е добро како држава да инвестираме и да имаме сопствеништво на меѓународен гасен терминал и во гасна централа со локација во Грција особено што последниве седум години интензивно се работи на поврзување на голем број стопански објекти и домаќинства на гас а значајно е и учеството во гасната електрана која е своевидна замената за нуклераката Белене. Учеството од 25% во гасната централа која ќе биде со моќност од 800 мегавати е 380 милиони евра а за учествуво од 10% во терминалот за течен гас земјава ќе инвестира 370 милиони евра со подршка на европски проекти.

Со овој проект за земјава се создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас од две страни но исто времено со идното поврзување со гасоводи кон Косово, Албанија и Србија, Македонија со својата позиција ќе прерасне во стратешки важна транзициска рута.