Од опозицијата обвинија дека оваа Влада работи неодговорно и несериозно

Собранието го донесе ребалансот на Буџетот за 2018 година

11.11.2018 / 18:54


Собранието на Република Македонија по тридневна расправа попладнево со 53 гласа „за“ и 13 против го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2018 година. С ребалансот се обезбедуваат  финансиска поддршка за општините и зајакнување на фондовите за здравствено осигурување (ФЗОМ), пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) и Агенцијата за вработување.

Извршена е реалокација на средства помеѓу буџетските корисници, алоцирање на дополнителни средства во износ од 660 милиони денари во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со цел непречена исплата на пензиите и транзициските трошоци за вториот пензиски столб, обезбедени се дополнителни 763 милиони денари во Фондот за здравствено осигурување со цел непречено остварување на право на здравствена заштита и боледувања, како и дополнителни средства во износ од 451 милиони денари на Агенцијата за вработување на Република Македонија за исплата на надоместокот по основ на невработеност.  Намалени се одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација, воглавно проекти финансирани со кредити.

Според министерот за финансии Драган Тевдоски, со ребалансот се создаде фискален простор за зајакнување на фискалниот капацитет на општините, преку финансиска поддршка на општините и нивните единки корисници од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита, во износ од околу 51 проценти од пријавените доспеани, а неплатени обврски во ЕСПЕО.

Тој смета дека на ваков начин се очекува да се зајакне фискалниот капацитет на општините, сервисирање на долговите и раздолжување кон стопанството.

Со ребалансот има намалување на приходната и расходната страна за 0,5 отсто. Се задржува буџетскиот дефицит на 2,7 отсто, а се ревидира проекцијата за економскиот раст на 2,8 отсто.

Од опозицијата обвинија дека со овој ребаланс кој се носи во средината на ноември се покажува дека оваа Влада работи неодговорно, несериозно  и реално нема ни план како да продолжи со работа и што се треба да прави во следниот период.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска изјави дека со овој ребаланс Владата на СДСМ покажа дека воопшто не се грижи за младите, затоа што се кратат пари од сектори важни за младите, не се спроведе ни исполни „Младинската гаранција“ која толку многу се ветуваше.

На кое работно место ќе ги вработите младите кога нема инвестиции и отворање на нови работни места? Поради лошите економски политики си заминуваат дел од странските компании а дел од домашните едвај опстануваат и го намалуваат бројот на вработени, вели  Митовска

Таа посочи дека се вети гаранција за младите со која ќе се овозможи услови во кои младите нема да заминуваат од државата, им гарантиравте дека веднаш по завршување на образованието во рок од само 4 месеци секој млад човек ќе може да го продолжи образованието или да добие понуда за работа или пракса или обука со кои ќе се прилагоди за потребите на некои работно место, но ништо од тоа не е остварено иако поминаа речиси две години од владеењето на СДСМ, а во тие две години има само кратење.

 Има помалку 170 милиони денари за изградба и реконструкција на ученички и студентски дом, 48 милиони денари помалку за превод на книги од реномирани автори, 87 милиони се кратат од изградба и реконструкција на основни училишта, но зошто би инвестирале во училишта кога децата на функционерите на СДСМ учат во странство, потенцираше Митовска.

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Мицкоски најави нова инвстиција во автомобилската индустрија Гентерм

пред 2 дена
Економија

Јавните финансии се стабилни, долгот е намален

пред 6 дена
Економија

Мицкоски: Се воведува е-фактура, крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра од буџетот

пред 1 нед.
Економија

СДСМ за пругата која треба да се гради со британски пари

пред 2 недели
Економија

Мицкоски најавува ублажување на цените на прехрамбените производи

пред 2 недели
Економија

Раст на трговијата во индустријата од 6% и раст на преработувачката индустрија од 6,6 проценти

пред 3 недели
Економија

Николоски: Наредната недела ќе формираме Координативно тело и официјално почнуваме реализација на Договорот со Велика Британија

пред 1 месец
Економија

Мицкоски: Со 3,2 посто раст на БДП во првиот квартал, Македонија се рангира во петте најбрзорастечки економии во Европа

пред 1 месец
Економија

Митева: Оперативниот план за вработување низ девет стратешки и добро темпирани мерки ќе допре до над 16.000 граѓани

пред 1 месец
Економија

Николоски: Единствени сме во регионот со кого Британија има ваков договор, спремни сме и мотивирани да ги реализираме капиталните проекти

пред 1 месец