Владата ја прифати иницијативата, недела да биде неработен ден.

Ова го објави премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Владата ја прифати иницијативата: денот недела да биде прогласен за неработен ден! Го задолживме Министерството за труд…

Posted by Zoran Zaev on Tuesday, November 3, 2020

„Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе“,

се вели во објавата.

Но, за да може да стапи на сила, потребни се законски измени. Поради тоа, Министерството за труд и социјална политика во следните 15 дена треба да достави предлог-закон.