За подобрување на условите на живот во руралните средини ќе се реализира проект на Организацијата за земјоделство и храна (ФАО).  Проектот е во вредност 275 илјади долари и ќе започне да се реализира во текот на оваа недела.

Проектот има за цел да ги реши клучните проблеми на руралните жители со тоа што ќе им помогне на малите земјоделски стопанства и семејните фарми да ги подобрат условите за живот, да добијат пристап до пристојна работа и продуктивно, одржливо вработување.