Антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски денеска е фатено во нова лага.Лажно е тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека на денешната аукција има ново задолжување. Напротив, не само што нема ново нето задолжување, туку нето-задолжувањето по основ на државни хартии од вредност се намалува за 11,3 милиони денари, односно околу 184.000 евра,реагираат од СДСМ.

Јавно соопштените податоци од Министерството за финансии покажуваат дека на денешната аукција на државни хартии од вредност запишани се 1,9 милијарди денари, односно 30,9 милиони евра, од кои веќе утре ќе се вратат 31,1 милион евра  по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.

 

Истовремено, значајно е и тоа што каматите за денешната аукција на државни хартии од вредност се далеку пониски отколку каматите за државните хартии од вредност кои ќе се враќаат утре.

 

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто тајно и расипнички ги задолжуваше граѓаните и  двојно го зголеми јавниот долг заради остварување на криминални интереси, Владата предводена од СДСМ одговорно управува со парите на граѓаните, го стабилизира долгот и ја поставува економијата на здрави основи.

 

Фреквенцијата на аукции е намалена двојно, од четири пати месечно на два пати во еден месец, значително се намалени каматните стапки, а јавниот долг е ставен под контрола и не само што не се зголемува, туку се намалува

 

Доказ за тоа се и официјалните податоци кои покажуваат дека на крајот на 2016 година јавниот долг изнесувал 48,8 отсто од БДП, додека во третиот квартал од оваа 2018 година, јавниот долг изнесува 48,2 отсто од БДП.

 

Наместо да шират лажни вести, наместо да се обидуваат да шират неоснована паника, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски можат да учат како одговорно се управува со јавните финансии и како се работи во интерес на граѓаните.