Долги години наназад Грција беше најголем странски инвеститор во Албанија, што се должи на големите инвестиции во телекомуникациите и во банкарскиот сектор. Меѓутоа, сега тој терен Грција го напушта и местото го презема Швајцарија.

Според последните статистички податоци објавени од Банката на Албанија, во третиот квартал на 2018 инвестицискиот пакет од Грција изнесувал 1,2 милијарди евра, при што е забележан пад од 2,4 проценти во споредба со претходниот квартал. Доколку се земе првиот квартал од 2017 година тогаш се гледа дека индикаторите се на исто ниво, што е одраз на повлекувањето на банките и стагнацијата на телекомуникациските компании, кој е веќе зрел пазар и нема нови инвестиции.

Од почетокот на 1990. Грчките компании донеле 17 проценти од сите странски инвестиции во Албанија кои изнесуваат 7.35 милијарди евра заклучно со септември годинава. Но од 2015 година со проектот за гасоводот ТАП нагло се зголемуваат инвестициите од Швајцарија кои стигнуваат до 1,23 милијарди евра на крајот на третиот квартал, што е 17 проценти од вкупните инвестиции и кои и понатаму растат и нагло доаѓаат на прво место.