Со приближувањето до НАТО и ЕУ, државата ќе има пристап до многу работи, пред сè се отвораат набавките на НАТО. Јасно е дека ние не можеме да продаваме лансирни рампи и хеликоптери, затоа што немаме производство на оружје, но можеме да продаваме други работи што ги користи НАТО во логистичките услуги, како облека, храна и слично.

Тука се отвора едно поле каде што сериозно би можело да се партиципира и би имале еден сериозен ефект, истакна вицепремиерот Кочо Анѓушев на трибина „Перспективите на македонската економија преку членство во НАТО и ЕУ“, во организација на Стопанската комора на Македонија, што денеска се одржа во Штип.