Со реформите на системот на социјална заштита и мерките во Буџетот за 2019 обезбедуваме сериозно зголемување на расположливиот доход во семејствата, социјална праведност и подобар живот за сите граѓани, рече денес Јагода Шахпаска, претеничка од СДСМ и коалицијата.
Таа додаде дека се ведува загарантиран минимален приход и „семеен пакет на права“ во износи значително поголеми од досегашната парична поддршка на социјално загрозените лица.
„Примателите на социјална помош добиваат зголемен приход и до 300 отсто. Истовремено, се олеснува пристапот до надоместокот на 24.000 домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош, но се создава можност да бидат опфатени и дополнителни 11.000 домаќинства. Се воведува образовен и детски додаток за повеќе од 60.000 деца“, додаде Шахпаска.
Новиот систем на социјална и детска заштита има за цел најголема помош да им се пружи на најранливите категории сограѓани, додаде таа и истакна дека „воведувањето и спроведувањето на реформираниот систем на социјална и детска заштита во наредната година година значи обезбедување на дополнителни 2,2 милијарди денари по овој основ, пари кои ќе се вратат назад, кај граѓаните“.
Comments are closed for this post.