Во вечерашното издание на дебатната емисија „200″ на ТВ Алсат гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на лошите владини политики, штетниот договор со соседна Бугарија, како и на матните зделки кои се дел од секојдневието на Зоран Заев.

Мицкоски истакна дека срамно и жално е еден премиер кој за среќа е во заминување, да нуду бизниси на премиери на други земји кои во моментот му нудат некаква заштита.

Тој исто така посочи дека Зоран Заев нудел повеќе бизниси на бугарски бизнисмени кои се во тесна релација со Бојко Борисов, а еден од нив е рудникот Иловица.

Сопственикот на рудникот Иловица се смени магично и преку ноќ, а такво нешто може да се случи само во Македонија и тоа под раководство на Зоран Заев. Несериозно е да се одбијат сериозни компании кои пројавиле интерес за рудникот, на сметка на тоа Заев да се додвори кај Борисов и да го даде рудникот “Иловица” на бугарски бизнисмен, додаде Мицкоски.

Тој посочи дека чуѓето кои живеат во околината на рудникот со години наназад бараат тој рудник да не работи, затоа што не сакаат свесно да ги трујат сопствените деца. Зоран Заев не само што немаше слух за нив,  додава Мицкоски, туку сега и покрај тоа што некако издејствува работа на рудникот, го доделува рудникот онаму каде што најверојатно нешто должи во знак на компензација.

Зоран Заев и во минатото покажувал дека единствено нешто што го интересира се сопствените бизниси и бизнисите на неговото потесно семејство, но кога се работи за позициите на Република Македонија во однос на некоја друга земја, понижувачки и поразително е тежината на државата да се поистоветува со тежината на бизнисите кои со кои Зоран Заев лицитира и договара со бугарските бизнисмени, заврши Мицкоски.