Во вечерашното издание на дебатната емисија “200” на ТВ Алсат гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на лошите владини политики, штетниот договор со соседна Бугарија, матните зделки кои се дел од секојдневието на Зоран Заев, како и Ковид пандемијата која ја зафати Република Македонија.

Мерките кои се донесуваат за спречување на Ковид пандемијата не треба да ја цедат македонската економија, туку да помогнат да се заштити здравјето на граѓаните. Не може од почетокот на пандемијата да се донесуваат популистички мерки и мерки кои удираат по грбот само на одредена категорија на граѓани, а истовремено членовите на СДСМ заедно со Зоран Заев и Сашко Николов да слават по штипските кафеани без да се почитуваат основните мерки за растојание, вели Мицкоски.

Декември е месец кога започнуваат празниците и тие траат се до средината на месец јануари.

Со вакви мерки кои на ниеден начин не ја поддржуваат македонската економија, голем број семејства ќе останат со празна трпеза за најголемите празници кои треба да претставуваат радост во секој дом. Како родителите да им обезбедат услови прикладни за деновите кои што следат, кога и самите тие едвај врзуваат крај со крај поради лошите владини политики, додаде Мицкоски.

Комисијата за заразни болести заедно со министерот Филипче донесуваат мерки кои граничат со хуморот. Наместо да се донесат мерки кои ќе помогнат во борбата со пандемијата, а воедно најминимално ќе влијаат врз економијата, тие донесуваат мерки кои економијата дополнително ја клекнуваат на колена и оставаат стотици семејства со празна трпеза, заврши Мицкоски.