Додека македонската Влада ја зголемува акцизата на горивата и ги поскапува во време на рекордно ниски цени, други држави постапуваат сосем спротивно и се обидуваат да ја стимулираат економијата со ниски
цени на горивата.
Естонија од почетокот на мај ќе ја намали акцизата на горивата за 0,145 евра, со што се очекува цената на дизелот да падне на 1,054 евра за литар. Со ова, Естонија се приклучува на Литванија во обидот да се намалат цените на горивата во балтичкиот регион. Естонските властипроцениле дека со држење на цената на горивата над таа од Латвија и Литванија само ќе ги натераат своите граѓани да одат во странство зада наполнат гориво.
По намалувањето на цената во Литванија и Латвија, Естонија се најде со цени кои беа 30-ина центи над тие во регионот.
Естонските дистрибутери на горивата најавија дека ќе се погрижатновите, пониски цени набргу да бидат почувствувани од граѓаните.
Македонската Влада неодамна ја зголеми акцизата на горивата за три денари по литар, наведувајќи го огромниот буџетски дефицит како оправдување за овој удар по џебот на граѓаните.