Комитетот за финансиска стабилност денеска ќе ја одржи шестата седница.

Заклучоците од седницата ќе ги соопштат министерот за финансии Траган Тевдовски и гувернерот на НБРМ Анита Ангеловска-Бежоска.

Комитетот е тело формирано од страна на Министерството за финасии и НБРМ. Станува збор за форум  на кој двете институции дискутираат за клучни прашања поврзани со финансискиот сектор и е во насока на одржување на добрата комуникација и координација меѓу нив.