Земјите членки на Европската Унија загубиле 150 милијарди евра од неплатен данок на додадена вредност, поради неефикасност на фискалните системи, се наведува во студија на Европската комисија.

Губењето 150 милијарди евра годишно останува неприфатливо за националните буџети, посебно кога од тоа 50 милијарди евра оди во џебовите на криминалци, шверцери и веројатно терористи – соопшти еврокомесарот за финансики работи на Унијата, Пјер Московиси.

Французинот порача дека е потребно „суштинско подобрување“ кое е можно единствено преку усвојување на рефромата на системот на ДДВ, која Европската Комисија ја предложи пред една година.

Московиси ги повика земјите на ЕУ итно да ги усвојат реформите пред следните избори за Европскиот парламент во 2019 година.