СДС не можат фабрика за пластични детски автомобили да донесат, а не пак за електрични, се покажа колку се кадарни.Лагата за фабриката за електрични возила во Тетово испука како пренапумпан балон, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту фабрика, има, ниту автомобили, само потрошени народни пари за промоција за некаков инвеститор.

Од фабриката за автомобили покрај најавите, бината и лопатите остана и ветената државна помош, која власта во неколку наврати ја ветува, и за која ако е исплатена ќе следи одговорност.

СДС се што правеше 7 години е само уназадување на државата, една инвестиција не донесоа, државата со нив само тоне. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.