Од 600 до 800 денари ќе се зголемат најниските пензии од следниот месец. Околу 40% од пензинерите, или 140.000 спаѓаат во најниската група. Месечно живеат со 12,500, до 16 илјади денари. Усогласувањето од 5,3 отсто, кое законски им следува, нема ни да го почуствуваат, се жалат пензионерите. Животот станува се поскап, илјадарка во продавница не вреди ништо.

– Што се 5%,? Помалку од 1,000,. Знаете колку е килограм кашкавал? Без помош од децата, не можеме да преживееме, вели пензионер.

– Мене ми стига, но морам да работат и плус, дополнителна работа, вели друг.

Од вкупно 337 илјади пензионери, 93 илјади земаат пензија од 20 до скоро 32 илјади денари. Нивните пензии ќе се зголемат за околу 1. 250 денари. По 2,000 плус на сметка ќе добијат оние чии пензиии се движат од 30 до 50 илјади денари. На помалку од 1% пензионери, чија пензија е над 54 илјади денари, им следува нешто под 3,000 денари покачување, додека пак највисоките пензии во државата , кои достигнуваат 76 илјади денари и ја уживаат само 19 пензионери, ќе добијат дополнителни 3,800 денари. Министерот за труд вели –покачувањето не е доволно за најголемиот дел пензионери. Затоа ќе има промена на методологијата за пресметка на пензиите.

– Знаеме дека не е доволно усогласувањето од 5,3%, затоа што најголем дел од пензионерите, скоро 160,000 земаат пензија до 20 илјади денари. Ова не е покачување, туку усогалсување согласно порастот на трошоците за живот. Затоа ние веднаш кога ќе дојдеме на власт ќе ја смениме методологијата, односно порастот на пензиите да биде линеарен, изјави Ѓоко Велковски, министер за труд.