Нема ден,  а ВМРО-ДПМНЕ да не соопшти најмалку неколку лажни вести преку кои се обидува да ја манипулира јавноста. Ништо ново од опозициската партија која во очај и безидејност секојдневно измислува и конструира непостоечки случаи, велат  од СДСМ.

Голема лага е дека фирмата „Еленица Струмица“ добила какви било средства од страна на Фондот за иновации и технолошки развој. Како што јавно соопшти и Фондот, компанијата „Пауерад“ ДООЕЛ користи средства согласно Одлука за доделување на ко-финансирање донесена од Комитетот за одобрување на инвестиции на 03.12.2018 година. Пред воопшто да се донесе одлуката, од компанија е побарано и е доставена Изјава за сопственичка структура, а во истата, воопшто не фигурира споменатата фирма „Еленица Струмица“. Истовремено, за секоја промена во сопственоста, по доставување на изјавата, а во период од 3 години по завршување на проектот, корисникот на средства има обврска да побара согласност од Фондот, соопшуваат од СДСМ.