Скандалот кој го објавија медиумите дека фирма блиска на семејството на Заеви добила грант од Фондот за иновации и технолошки развој е уште еден доказ дека народните пари заминуваат речиси по правило во џебовите на функционерите или фирмите на нивни блиски фирми и членови од семејството, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Имено фирмата Пауерад од Струмица минатата година добила милионски гранд од Фондот, истиот оној Фонд кој додели грантови и на фирмите на вицепремиерот Анѓушев, пратеникот Локвенец, снаата на советникот Цветанка Ласкова, и десетици други скандалозни случаи. Гореспоменатата фирма од Струмица не е туку така одбрана. Ако се земе досегашниот модел на додоелување на грантови, постои основан сомнеж дека таа била почестена со средства затоа што во нејзиното сопствеништво удел имала фирма на Заеви, преку нивната фирма Еленица. Впрочем тоа го говорат и документите. Фирмата Пауерад од Струмица до 7 август 2018 година била во косопственот на фирмата на Заеви, а Управител на „Пауерад“ бил Митко Димитровски, член и на управниот одбор на „Еленица“. Оваа фирма ја променила сопственоста во екот на минатогодинешната афера со доделување на грантови и потоа добила милионски грант од Фондот за иновации, изјави Арсовски.