Се потврди, цената на струјата останува иста, домаќинствата и компаниите имаат можност дазаштедат Се потврдија најавите на надлежните институции и Владата дека со либерализацијата цената на струјата нема да поскапи како што лажно обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ, соопштија утрово од СДСМ.
Цената на струјата останува иста, домаќинствата и компаниите имаат можности да заштедат, велат од партијата на власт.
„Со враќањето на евтината тарифа на струја околу 11 милиони евра се враќаат назад кај граѓаните, со тоа што плаќаат помали сметки само со оваа мерка. Со либерализацијата на струјата, бенефит ќе имаат 20-30% од компаниите, коишто досега мораа да купуваат струја од околу 140 евра, а сега по околу 80 евра за мегават час. Граѓаните многу добро можат да направат разлика меѓу расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога струјата поскапе за 100 отсто, и домаќинските и одговорни мерки на СДСМ со кои парите се враќаат назад кај граѓаните.Владата предводена од СДСМ останува посветена на креирање и спроведување мерки кои значат подобар живот за сите и повеќе пари директно кај граѓаните“, се наведува во партиското соопштение.
Comments are closed for this post.