Се продолжува работното време на угостителските објекти. Наместо до 22 00 часот, сега ќе работат до полноќ во работните денови и за време на викенд до 1 часот по полноќ

Донесена одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти до полноќ во работни денови и до 1 часот после полноќ за време на викендот, напиша и министерот за економија Крешник Бектеши на ФБ.