Компанијата „Страбаг“ со компании соработници, изведувачи на градежните работи за изградба на железничката пруга од Битола до граничниот премин Кременица денес извршија прв тест на изградената пруга.

Тестирањето се изврши со патнички воз и со цел практично да се воочат евентуалните пречки и проблеми на железничката пруга.

Надлежните јавно предупредуваат граѓаните, жителите од населените места кои се во непосредна близина на пругата да внимаваат на премините и железничките рампи, да ја почитуваат сигнализацијата и соопштенијата на компаниите во периодот додека се одвива тестирањето на пругата Битола-Кременица.

Како што е познато, железничката пруга е во должина од 17 километри, вградени се девет мостови, 38 пропусти, 30 премини, има нова станична зграда и нова сигнализација. Вредноста на инвестицијата е 17, 1 милиони евра.