Од денеска до петок тутунопроизводителите почнаа со блокада на патиштата откако договорот меѓу откупувачите со посредство на министерот за земјоделство пропадна.

Од протестите се побара Сојузот на земјоделски здруженија да ги повлече проценители од откупните пунктови за да бидат истовремени блокирани и откупните пунктови и патиштата. Најголемата блокада е на патот прилеп градско пред превојот Плетвар.

Планирано е протестите да траат до 12 часот. Се пропуштаат само за итна медицинска помош и за автомобили со лица кои патуваат поради медицински причини.

Од 23 илјади тони тутун досега се откупени само три отсто од годишнешната реколта.