Излезе дека ова е една од најлошите години досега во авто индустријата низ целиот свет, во услови на намалена побарувачка на возила, при што Дајмлер АГ и Ауди изминатава недела најавија скоро 20,000 намалувања на работните места, пишуваат светските медиуми.

Во следниот период, производителите на автомобили елиминираат повеќе од 80.000 работни места, според податоците од „Блумберг “. Иако кратењата се концентрирани во Германија, САД и Велика Британија, но и брзорастечките компании не се имуни на овој тренд.

Глобалната автомобилска индустрија ќе произведе 88,8 милиони автомобили и лесни камиони оваа година, што претставува пад од скоро 6 проценти од пред една година, според истражувачот IHS Markit. Германското лоби во автомобилската индустрија во средата предвиде дека падот ќе продолжи и следната година, предвидувајќи глобална испорака на 78,9 милиони возила, кое е најниско ниво од 2015 година.

Темпото на намалување на работните места во Мерцедес-Бенз, Порше и БМВ се очекува да биде „поизразено во 2020 година“, рече претседателот на ВДА, Бернхард Метес, на прес-конференција во Берлин, додавајќи дека промената на технологијата сам може да доведе до загуба од 70.000 работни места во текот на следната деценија.

Улични протести

На 22 ноември, околу 15 000 луѓе маршираа на улиците во знак на протест против прекинот на работните места и затворањето на фабриките во Штутгард, германскиот град кој е дом на глобалното седиште на Дајмлер, Порше и снабдувачот на делови Роберт Бош GmbH.

„Ние не дозволуваме да се кратат работни места, само затоа што некои менаџери не ја завршија својата домашна задача“, рече Роман Зицелсбергер, претставник на работниците во надзорниот одбор на Дајмлер. Загриженоста се покажа како оправдана. Ауди една недела подоцна објави дека ќе елиминира дури 9.500 позиции во Германија до 2025 година додека Фолксваген АГ се подготвува за скап премин на електрични возила. Дајмлер најави дека планира да скрати повеќе од 10,000 работни места ширум светот.