Годинава, за првпат се воведува субвенцијата за набавка на гориво за земјоделска механизација, популарно наречена „зелена нафта“. Со што се реализира уште една мерка од Програмата на Владата во интерес на земјоделците.Со мерката „зелена нафта“ земјоделците што имаат поледелски, градинарски, овошни култури и лозови насади добиваат поддршка од 30 отсто од трошоците за набавка на нафта за земјоделската механизација, рече на денешната прес-конференција Татјана Прентовиќ, пратеничка од СДСМ и коалицијата.
Со ова како што истакна финаниско олеснување на земјоделците, им се намалуваат трошоците за производство, со што остануваат дополнителни пари во нивниот домашен буџет.
„Вкупната државна поддршка за мерката изнесува 200 милиони денари или околу 2 милиони евра, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци.Покрај оваа мерка, усвоени се нови програми што обезбедуваат зголемена помош, повеќе пари и за овоштарите, поледелците, сточарите, производителите на ориз, млеко и сончоглед“, истакна Прентовиќ.
Comments are closed for this post.