На собранискиот дневен ред денеска се законите согласно кои државата ќе може да им исплати финансиска помош за плата на работодавачите и на самостојните вршители на дејност кои имаат намалени приходи. Помошта е предвидена во четвртиот пакет мерки. Со Предлог-законот за финансиска помош на работодавачите, тие може да добијат помош за платите на работниците, за месеците октомври, ноември и декември, ако имаат намалувања на месечниот просек од вкупните приходи остварени во периодот од април годинава заклучно со октомври, односно ноември, или декември, во однос на истиот период лани.
Со Предлог-законот за финансиска помош на самостојните вршители на дејност предвидена е финансиска помош од 17.410 денари за месеците октомври, ноември и декември, а услов се намалени приходи за најмалку 30 проценти.
Comments are closed for this post.