Агенцијата за стечај објави оглас во кој се  повикуваат сите  заинтересирани за изнајмување АД  „Белградската индустријата за пиво, слад и безалкохолни пијалаци“ – БИП во стечај, пишува српски Блиц.

Заинтересираните  за изнајмување на производниот капацитет, може да  достават понуди,  најдоцна до 18-ти овој месец во Агенцијата, а на истиот ден ќе бидат  отворени  ковертите со понуди за закуп.

Пред тоа, домашните или странски потенцијални закупци ќе треба да уплатат депозит( до 15 јули) во висина од 15 милиони динари.

Условите , да се даде БИП  на нов закупец,  е да биде регистриран за обавување дејност во производство на пиво, алкохолни и безалкохолни производи.  Доколку понудувачот е инвестициски фонд, здужение или конзорциум , неопходно е да достави доказ за соработка со правно лице кое се бави со оваа дејност. Во понудата идниот закупец треба да напише колку е спремен да плати за месецниот закуп на БИП.

Новиот закупец треба да вработи најмалку 100 луѓе и три месеци однапред да плати кирија или да положи банкарска гаранција, а месечното производство на пово да не биде помалку од 5000 хектолитри.

М6 Еден Срб“ одлучи да се прекине договорот за БИП со Агенцијата за стечај. Со тоа, БИП престанува да работи.

Верувавме во можностите за развој на една од најголемите пиварници во регионот и со ентузијазам тргнавме во обнова пред две години. Се обидовме да направиме нешто позитивно за Белград, за Србија, да дадеме дух и живот на една компанија која повеќе од 180 години претставува симбол на Белград. За жал, и покрај големите месечни вложувања, посветеноста и ентузијазмот, не успеавме, бидејќи со овој модел нема можност за успех. Ова не значи дека ќе се повлечеме, затоа што на Белград му треба пиво. Ќе продолжиме во поинаква насока, со друг концепт. Можно е да се почне со вложувања во иднина со нови проекти во Србија. Се заблагодаруваме на сите субјекти, потврдувајќи дека се завршуваат сите обврски кон вработените и сите доверители“, изјавија  од „М6 Еден Срб“.