Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари, а Еуросупер БС-98 за денар, додека цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинствата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 66 денари за литар, а 67,5 денари на Еуросупер БС-98. Литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 60,5 денари, а на екстра лесното масло за домаќинствата (ЕЛ-1) 49 денари.
За 0,149 денари се намалува цената на мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс ќе чини 32,698 денари.
Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,09 проценти.
РКЕ ја утврди новата цена на горивата врз основа на просечната цена на суровата нафта и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.
Comments are closed for this post.