За една година живејачката поскапе за илјада денари. Ако во декември 2019 година биле потребни 32.732 денари за едно домаќинство да ги покрие месечните основни животни потреби, во декември 2020-ттата минималната синдикална кошничка тежела 33.697 денари. Пресметката која ја подготвува Сојузот на синдикати покажува дека за 12 месеци трошоците за основните прехранбени производи се зголемиле за речиси 500 денари на месечно ниво.
Раст на трошоците е забележан и кај режиските трошоци за 400 денари. Останатите трошоци лани кои се неопходни за достоинствено да се помине месецот, а тоа се пари за превоз, хигиена, посета на културни манифестации, набавка на облека и обувки и за одржување на здравјето, се речиси идентични како и во 2019 година.
Податоците на Државниот завод за статистика покажува дека раст на трошоците има кај храната и безалкохолните пијалаци 2,4 насто, кај алкохолните 5,3, разновидни стоки и услуги за 2,6 насто.
Податоците пак, на Европската статистичка институција Евростат покажуваат дека стандардот на граѓаните на Македонија имаат еден од најниските стандарди во регионот. Според куповната моќ, зад нас се само граѓаните на БиХ и на Албанија.
Comments are closed for this post.