Од еден до еден и половина денар се намалува малопродажната цена на бензините и дизелот oд ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисијата за енергетика.
Според одлуката, за еден денар се намалува цената на Еуросупер БС 98, додека за денар и половина поевтинуваат Еуросупер БС 95, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.
Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 69,50 денари за литар, Еуросупер БС 98 ќе се продава по 72 денара за литар, Еуродизелот по 62,50 денари, Екстра лесното масло 52 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува и ќе изнесува 35,118денари за килограм.
Цените на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 4,14 отсто или за 27,55 долари за тон, кај дизелот намалување во просек за околу 4,44 отсто или 27,55долари за тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 3,94 отсто или за 23,80 долари за тон и кај мазутот намалување во просек за околу 3,03 отсто или за околу 12,95 долари за тон.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,0842 денари за долар.
Comments are closed for this post.