Сезоната за берба на грозјето оди кон својот крај, а грозјето стои неоткупено на лозјата – скапува! Лошата цена од 6-7 денари по килограм, но и немањето откуп воопшто е причина на вистинска катастрофа во Тиквешијата. Нема загарантиран откуп, нема високи откупни цени. Лозарите тонат. Понудените цени за сите сорти грозје се катастрофално ниски и не можат да ги покријат направените трошоци за производство, изјави Златко Пенков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Трошоците за производство оваа година многукратно се зголемија, посебно во делот зa заштитата на виновата лоза. Тоа значи дека лозарите оваа година работат со огромна загуба. Наместо богат, моќен и независен земјоделец, нашите лозари се повеќе стануваат сиромашни и зависни. Се повеќе лозари носат одлука да го напуштат лозарството, затоа што не можат да обезбедат егзистенција за себе и своите семејства. Постои сериозна опасност, милиони килограми од овогодинешниот род на грозје да не се откупи. Тоа е штета која никој нема да им ја надомести на лозарите, тоа се помалку пари за нив и за нивната егзистенција, но и за враќање на долговите кон земјоделските аптеки. Ова ќе ги остави лозарите со празни џебови и долгови. Власта не седна на заедничка маса со лозарите, винарите, и дистрибутерите, за да разговара за надминување на состојбите, кога посочивме. Власта воопшто и не комуницираше со нив. Резултатот од таа самобендисаност на СДСМ ја гледаме секој ден, изјави Златко Пенков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

И затоа денес, агонијата на лозарите продолжува. Лозарите секојдневно бараат пласман за произведените килограми грозје. Веројатно требаше изборите да поминат, па да се разоткрие дека ветувањата кон лозарите се само груба манипулација кон нив! Селективните политики во земјоделството, односно лозарството, доживеаја комплетно фијаско! Сега е време за берба на грозјето, а не за преговори и договори кои повторно се сведуваат на лажни ветувања. После сево ова, чесно е сите оние кои ги злоупотребија и ги лажеа лозарите да се извинат и да понесат морална и политичка одговорност за тоа. Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат, изјави Пенков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.