Пензионерите, а најверојатно и вработените кои освен пензија и плата немаат дополнителен приход, ќе куртулат од регистрација во електронскиот систем на УЈП, пренесува ТВ 24. Директорката Лукаревска вели дека се бара решение кое е во интерес на граѓаните.
Работиме на тоа. Имаме неколку опции во игра, но сакаме да го најдеме најсоодветното решение во интерес на граѓаните – вели Сања Лукаревска, директор на УЈП за ТВ24.
Дилемата е дали да се оди со законски измени или технички односно софтверски измени, со кои пензионерите и вработените кои остваруваат само пензија и плата ќе се ослободат од обврската за регистрација.
Comments are closed for this post.