Во периодот јануари-декември 2018 година, 1.187.200 Македонци ја посетиле Грција, што е за 24,5 отсто помалку во споредба со 2017, стои во статистичките податоци во годишниот извештај од Банката на Грција.

Остварени се вкупно 155 милиони ноќевања, а приходите за јужниот сосед од нашите туристи, минатата година достигнале 155 милиони евра.

Споредбено со годишните извештаи на Банката на Грција за последните четири години, се забележува тренд на опаѓање на бројот на туристи од земјава. Од 2015 до 2018, за два и пол пати е намален бројот. Пред четири години, Грција ја посетиле над три милиони туристи од земјава.

Годишни извештаи

2015 година – 3.023.100 туристи

2016 година – 1.721.100 туристи

2017 година – 1.571.500 туристи

2018 година – 1.187.200 туристи.

Туристичкиот профит за Грција од туристите од Македонија, за 2018 достигнува 155,3 милиони евра, 13,6 отсто помалку во споредба со 2017. Во 2015 кога бил регистриран и најголем број туристи од земјава што ја посетиле Грција, приходите за јужниот сосед достигнале до 247 милиони евра.

Во однос на општата слика, во 2018 за 9,7 отсто е зголемен бројот на туристички пристигнувања во споредба со 2017. Минатата година, биле регистрирани 33.072.000 туристи во Грција.

Најбројни биле туристите од Германија, 4.381.400.