Во јули годинава во Македонија се потрошеи 549.423 мегават часови електрична енергија. Од нив бруто домашно производство е 70,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, во јули се потрошени 4.152 милиони метри кубни природен гас, 342.981 тон јаглен и 91.059 тони нафтени продукти. Од вкупно потрошениот јаглен 94,1 процент се употребени за производство на електрична енергија.
Comments are closed for this post.