Во исчекување на вакцината, во земјава има стабилизација на епидемиолошката состојба, иако засега не е детектирана британската мутација на вирусот, сепак поради страв од нов пик на заразата, здравствените власти нема да ги разлабават мерките. Забраните за собири на отворено остануваат на сила, а единствено, од следниот четврток, кафеаните наместо до 18.00 ќе можат да работат до 21 часот.

Во последниот период поради пад на кривата на заразени има помал притисок врз болниците. Поради ова, како што најави министерот Филипче, дел од интерните клиники повеќе нема да бидат ковид одделенија, туку од наредната недела ќе бидат целосно вратени во функција.