Министерството за финансии предлага „онлајн-обложувалници“ наместо вообичаените обложувалници низ земјава, пренесува АлсатМ.
Се работи за предлог на Министерството за финансии, а извори од Владата за телевизијата велат дека со ова решение се очекува 50 милиони евра годишно од даноци.
За безбедноста на обложувањето и на плаќањата ќе бидат потребни банкарски гаранции затоа што главно станува збор за дејност која ја водат офшор компании. Министерката за финансии Нина Ангеловска потврди дека ова ќе се разгледува на Влада, објаснувајќи дека на оваа иницијатива се работело во изминатиот период
Comments are closed for this post.