Универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН не смее да ги исклучува од системот за електрична енергија ранливите потрошувачи во месеците декември, јануари и февруари поради неплатени фактури за испорачана електрична енергија, изјави изјави претседателот на Регулаторната комиџија за енергетика Марко Бислимоски по координатиовниот состанок со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО и ЕВН.

Ранливиот потрошувач има можност за одложено плаќање или плаќање на минимум шест еднакви рати доколку има доспеан долг. Исто така, ранливиот потрошувач кој е заведен во евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика има право од ЕВН (EVN Home) ДОО Скопје да бара да биде ослободен од обврска за плаќање на надоместок за повторно приклучување, како и бесплатно да му се направи вонредна верификација на мерната опрема, вели Бислимоски.

Согласно Законот за енергетика, додаде, сите потрошувачи имаат право и можат да се жалат и да добијат надоместок за штета поради прекини во испораката на енергија со послаб квалитет од пропишаниот.

Во Правилникот за определување на надоместок на штета има сет на мерки за заштита на ранливите потрошувачи при што е предвиден приоритетен третман на барањата кои ги поднесуваат ранливите потрошувачи за надоместок од претрпена штета поради несоодветен напон,вели Бислимоски.

Инаку, заклучокот од состанокот е дека енергетските компании се подготвени за зимскиот период, производството на електрична енергија е стабилно, испораката е сигурна, а компаниите се соодветно екипирани согласно препораките од Министерството за здравство. Во заклучокот е наведено дека во изминатите месеци во услови на пандемија и вонредна состојба енергетските компании функционираа координирано и синхронизирано со што енергетскиот систем остана стабилен и дека тоа искуство ќе придонесе за успешна работа во текот на зимскиот период