Новиот автопат  Миладиновци – Штип ќе биде пуштен во употреба до крајот на неделава.

Според најавата од надлежните институции, автопатската делница во должина од 47 километри ќе биде  ставен во функција со времен режим на деловите каде се планира изградба на две патарини.

Изградбата на автопатот почна  во февруари 2014 година, со инвестиција во износ од 206 милиони евра, обезбедени од  кредит од кинеската ЕКСИМ банка и буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.