Народната банка реагираше на пишувањата на медиумите дека во време на вонредна состојба склучила договор за изработка на нови банкноти од 100 и 500 денари.

Оттаму тврдат дека  издавањето на нови серии банкноти во апоени од 10 и 500 денари во текот на првата половина на оваа година беше планирано уште во текот на 2018 година, врз основа на среднорочните анализи за количини коишто се потребни заради редовна замена на книжните и кованите пари од постојните изданија, коишто се повлекуваат заради губење на карактеристиките за соодветност за оптек, како и заради обезбедување и одржување континуитет на воспоставениот редовен процес на снабдување со готовина.

Станува збор за редовен процес, којшто е планиран поодамна, во согласност со процените во коишто предвид се има природниот животен век на парите кои веќе циркулираат во оптек.

Одлуките за издавање книжни пари во апоени од 10 и од 500 денари, Советот на Народната банка ги донесе на седницата којашто се одржа на 28 февруари 2019 година, а постапките за јавна набавка на банкнотите беа спроведени уште во вториот и третиот квартал на минатата година, имајќи ги предвид комплексноста и времетраењето на процесот на печатење пари. Притоа, во повеќе наврати, јавноста беше известена дека овие книжни пари, начелно се планира да бидат пуштени во оптек во текот на првата половина на оваа година, имајќи го предвид природниот животен век на парите- информираат од Народната банка.