Тричлена делегација од Македонија од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, ДТИРЗ, веќе два дена на државна сметка ужива на саем кој е откажан, наводно трагајќи по странски инвестиции во Женева, пишува Република.
Дека на откажаниот саем се генералниот директор, раководителот на секторот на државна помош и лице ангажирано со договор на дело, инаку кум на братот на генералниот директор, се гледа и на социјалните мрежи, каде еден од нив гордо сподели дека се наоѓа во Женева, Швајцарија.
Но, во телефонскиот разговор директорот на ДТИРЗ, Александар Младеновски ги негираше овие информации и рече дека е во странство, но не во Швајцарија туку во Франција, на состанок со инвеститори.
Моето патување нема поврзаност со саемот во Швајцарија. Јас еве дури и решив да патувам и да ризикувам во време кога има коронавирус, рече Младеновски.
Додава дека патувањето трае од од 2 до 5 март и дека договорил инвестиција за Штип која ќе биде објавена наскоро.
Организаторите на Саемот за автомобили, по 79 години од одржувањето, годинава првпат го откажаа саемот поради коронавирусот.
Comments are closed for this post.