Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го поништува огласот, на кој се бараше советник  за работи на дополнителен заменик министер –  функција која постои само за време на пржинска влада, односно техничка влада која се формира пред избори.

Поради техничка грешка и превид во работната позиција, огласот за тоа работно место се поништува, стои во одговорот од МЗШВ до ПресингТВ.

Во огласот, објавен пред неколку дека, меѓу останатите позиции се бараше  и советник за дополнителен заменик министер,  без конкретни инфорации од министерството,  кој е тој дополнителен заменик министер, дали воопшто постои ваква функција и која е целта за вработување.

Во огласот објавен од министерството освен советник за работи на дополнителниот заменик минстер, се бара и вработување на уште 40 тина други државни службеници.