Под мотото „Протестирам против уништувањето на ноќните клубови“ музичарите и сите засегнати од оваа индустрија, денеска од 14 до 17 часот ќе го изразат својот револт против најновите, поригорозни мерки на Владата за работа на угостителските објекти и локали и забраната за настапи. Протестот е замислен како музички хепенинг, кој ќе се одржува пред зградата на Владата.
Македонската естрада со голем музички хепенинг, без скандали или сензации, ќе оддржи за првпат голем протест пред Владата. Целта ни е да докажеме дека сепак постоиме, дека има огромна слога меѓу нас, дека ќе се бориме од денес па натаму многу посериозно за нашите права, а со тоа сакаме да ги претставиме нашите строги барања и протоколи пред државните органи, изјавија од НУК, Независната угостителска комора.
На протестот ќе се придружат и угостителите, кои на Владата ѝ порачаа дека не им требаат крпеници од протоколи, туку дека доброволно ќе ги затворат објектите на две недели.
Но што ако ковид-бројките и натаму растат? Дали Филипче и Караџовски ќе имаат доблест и смелост да им се извинат на угостителите, да ја надоместат штетата и јавно да признаат дека угостителските објекти не се причина за зараза туку оправдание за избегнување на одговорноста на погрешните мерки и генерални препораки за спречување на ширењето на коронавирусот – наведува претседателот на комората Здравко Јосифовски.
Според НУК, новите ограничувања нема да го решат зголемениот број на зaбoлени, туку ќе ги поттикнат младите и гостите на угостителските објекти да бараат алтернативни решенија на дружење и забава. Како што се групни и масовни собирања на приватни забави, по паркови, паркинзи и возила, без никаква контрола и никакви механизми за заштита од кopoнавиpycот.
Comments are closed for this post.