СДСМ се обидува на секој можен начин да ја манипулира и дефокусира јавноста од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Најголемиот буџет кој владејачкото мнозинство го изгласа ќе значи дополнителен удар на и така крахираната економија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Мнозинството немаше воопшто слух да прифати конструктивни амандмани на буџетот кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи со кои се предвидуваше подобрување на инфраструктурата, економијата, стандардот на граѓаните, стипендиите за студентите, студентски град, унапредување на животот во руралните средини, повраток на 15% од платениот ДДВ и слични. На сметка на тоа колку да замачкаат очи на јавноста прифатија 7 амандмани кои речиси и да не чинат многу, а со кои се обезбедуваат прочистувачи на воздух во предавалните на државните универзитети, основните и средните училишта и градинките кои оваа неодговорна власт ги пропуштила во предлог буџетот.
Впрочем тие и денес се подеднакво неодговорни кон народот како што беа неодговорни и кога беа опозиција кога со филибастеринг, бескрајни дебати и опструкции го попречуваа донесувањето на буџетите со цел економијата да ја фрлат на колена, да оневозможат донесување на буџет и со тоа доведување во прашање на нормалните економски текови во Македонија.Неодговорни беа, неодговорни останаа.
Comments are closed for this post.