Од декември 2010 година до јануари 2018 година, Македонија , односно ТИРЗ Скопје 1 е рангирана на второ место на листата за најдоба инвестициска дестинација, од страна на глобалниот магази Сајт селекшн, соопштија од Дирекцијата на ТИРЗ.
Според магазинот, Македонија е рангирана на високото второ место во категоријата на најдобри 20 зони според проекти, капитални расходи и работни места по глава на жител, а врз основа на спроведена методологија за 2,722 корпоративни инвестициски проекти за крајни корисници во 280 зони ширум светот од декември 2010 до јануари 2018 година, индексирани според најновите бројки за населението, соопшти Дирекцијата на ТИРЗ.
Според Дирекцијата ваквото рангирање на Македонија е валоризација на досегашните напори и активности и ќе влијае нови компании да ги разгледаат можностите за инвестирање во земјава.
Но, интересно е да се спомене дека за времето ( од 2010 до 2018) кога ТИРЗ-овие во земјава добиле висока оценка е период кога директор на дирекцијата за ТИРЗ беше Виктор Мизо. Актуелниот директор Александар Младеновски ја презеде функцијата во втората половина на 2017 година.
За овој период, односно за 2018 година , технолошко индустриските развојни зони во Македонија воопшто ги нема на ранг листата во најновиот извештај на светски реномираниот ФДИ магазин.
Слободните зони воопшто не се влезени во конкуренција, а одговорот од првиот човек на ДТИРЗ Александар Младеновски беше дека не пратиле податоци и проспекти, затоа што немало што да се прикаже. Односно подобро да не немало, отколку да сме биле последни.
Овие извештаи се праќаат при крај на годината за тековната година, а излегуваат следната година. Така што за годинешнава ранг листа извештаите се праќаат до крајот на 2017.
Одлука на маркетинг тимот беше да не се испрати извештајот за минатата година, затоа што поради политичката криза немаше што да се прикаже.
Од кога сум назначен до сега нешто повеке од година дена, имаме 16 нови инвестиции, и за оваа година извештајот ке биде прилично опширен, што значи наредната година очекуваме да бидеме рангирани во топ 5 слободни зони во светот., кажа пред неколку дена Александар Младеновски , директор на ДТИРЗ
Инаку , ФДИ магазинот, е дел специјализирано списание за странски инвестиции на Фајненшл тајмс, а мултинационалните компании кога носат одлука за инвестирање, се раководат токму од овој Извештајот. Овој магазин секоја година објавува ранг листи за најдобрите технолошко индустриски развојни зони во светот.
Comments are closed for this post.