Комуникацијата со државните институции, дали се тоа поврзани со некои регулативи или со исполнување на некои договорни обврски, треба да биде потранспарентна и побрза, но, истовремено, потребно е и адаптирање на регулативата за зголемување на конкурентноста на домашните и странски компании. Ова беше истакнато по денешната работна средба на директорот на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, со германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн.

Развојот на државата може да се случи само доколку се има добра соработката и со институциите и се зголеми обемот на соработка со домашни компании и домашните добавувачи, бидејќи сметаме дека на тој начин можеме да додадеме поголема додадена вредност во државата. Но, и да сме поконкурентни на пазарот. – изјави по средбата Виктор Мизо.

На средбата станало збор и за адаптирање на царинските стапки, адаптирање на условите за добивање на државна помош и субвенционирање во различни делови од државата, но и на кои начин неработната недела ќе ги афектира овие компании, за тоа што значи процесот на глобален корпоративен данок и како тоа ќе ги афектира компаниите во државава информираше Мизо.