Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страната на тутунарите

19.03.2021 / 14:27


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на денешната средба со жителите на Чаир, прашан од страна на новинари за големиот револт кај тутунарите кои се жалат за откупот на тутунот, рече дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страната на тутунарите. Тој истакна дека не смее власта да си поигрува со трудот на тутунарите кои чесно и напорно се мачат да си го заработат лебот.

-Тутунарите ја имаат целата поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, се разбира и од пратеничката група. Ова го говорам затоа што пред извесно време ние поддржавме закон во Собранието, зборам токму поради нас помина тој закон затоа што немаше кворум во Собранието. Но, ВМРО-ДПМНЕ гласаше за да се продолжи рокот за откуп на тутун, но како што можам повторно да слушнам цените се многу ниски. А тоа се случува поради одреден увоз на тутун од одредени земји. И тоа тутунарите го знаат. Оваа власт крие и сака да сокрие дека нивни структури шверцуваат тутун или го носат тука, го увезуваат за да го продаваат, дециден е Мисајловски.

Затоа да не си поигруваат со тутунарите, рече тој, бидејќи тие се луѓе работници кои сакаат само трудот да им се плати и она што го сработиле да им се исплати.

-И ние како пратеничка група ќе настојуваме и во иднина да се врати она старо законско решение каде што навистина тутунарите имаа поголеми права и со кое решение тие ќе добијат поголема и реална цена за тутунот. Затоа повторувам ВМРО-ДПМНЕ е целосно на страната на тутунарите, изјави Мисајловски.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200.000 евра

пред 22 часа
Економија

Mицкоски: Владата следи дали има зголемување на цените на некој од прехранбените производи во супер маркетите

пред 2 дена
Економија

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%

пред 2 дена
Економија

Николоски: Инвестициите во модерни автопати и железница ќе го забрзаат развојот на Македонија

пред 3 дена
Економија

Владата утре со мерки за горивата

пред 3 дена
Економија

Голем скок на цените на горивата, еве колку

пред 1 нед.
Економија

Николоски: Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста

пред 2 недели
Економија

Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори

пред 2 недели
Економија

Во Македонија се точи најевтин дизел во регионот

пред 2 недели
Економија

Meнкиноски: Ако сум ја загрозил националната безбедност на Бугарија, по аналогија сум ја загрозил и на Македонија бидејќи сме НАТО сојузници

пред 2 недели
marsbahis girişgamdom girişjojobet girişjojobet girişsiteye gitJojobet Giriş