Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во текот на утрешниот ден ќе поднесе предлог закон за укинување на новото законско решение  со кое пензионерите се оштетени за 500 денари месечно и ќе бара да се врати старото законско решение. Имајќи во предвид движењето на просечната нето плата во изминатото полугодие. И ќе бара веднаш враќање на старото законско решение. Така што на уште еден начин ќе укажеме дека ние навистина се грижиме за пензионерите, а од друга страна ќе ја покажеме штетната политика на СДСМ.

Практично сите оние нефункционални и проблематични т.н. реформи што ги прави Владата на СДСМ и Зоран Заев. За волја на вистината структурна реформа е само оваа минималната плата, но ги гледаме сите негативни ефекти на таа минимална плата каде преку што 300.000 пензионери секој месец во годината што следува ќе бидат со намалена пензија од 500-тини денари. Односно нема да го добијат заслуженото покачување отприлика 500-тини денари.

ВМРО-ДПМНЕ работи и во својата програма има сет мерки кои што ќе ги предложи пред граѓаните но и пред пензионерите дека денеска разговаравме за делот од тие мерки. Дел од сугестиите кои што денеска Синдикатот на пензионерите ни ги презентираше практично на оваа средба ќе бидат инкорпорирани се разбира во рамките на новата партиска програма.

Така што еве работиме, учиме и навистина она кое што сакаме да го покажеме пред граѓаните е нов пристап, нов принцип на работење на политичките партии со честитост, принципиелност, искреност и достојност на тоа што ќе биде ветено тоа и да биде реализирано понатаму.