Цената на електричната енергија се одредува со важност од први јули, годинава за прв пат тоа се случи од први август. Целта на власта беше јасна и единствена и за да не се губал политички поени. Шверцерски ја зголеми по изборите иако според мене не требаше да се зголеми поради тоа што голем дел оди за универзалниот снабдувач, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Топ тема на телевизија Телма.

Ако цената се определува од први јули, а сега се најавува од август јасно сега се поставува прашањето зошто е тоа така. Одговорот е многу едноставен, затоа што имаше избори и на сите им беше јасно дека цената на електричната енергија за граѓаните кои ја добиваат од универзалниот снабдувач ќе биде поголема. А зошто на сите им беше јасно, затоа што е нереално голем процентот кој го има универзалниот снабдувач објасни Мицкоски.

Според Мицкоски математиката на владата е јасна не сакаа да губат поени и Владата и сугерира на Регулаторната комисија тоа да се одложи и да го направи и објави за од први август