Денес сме овде во Прилеп, пред една недела од прилика најавивме на прес конференција дека ВМРО-ДПМНЕ започнува теренски активности во периодот кој што следува „Обновата пред вашиот дом“, но и претседателот на партијата заедно со граѓаните во определени центри. Разговараме со граѓаните во тие центри за реалниот живот, за она што се случува. Да видиме што можеме ние како политика која што ќе биде дел од нашата предизборна програма да промовираме, да понудиме. Да видиме што можеме дополнително да додадеме во рамките на нашата програма. И мислам дека заеднички тука учиме со граѓаните, со бизнис заедницата, со други целни групи, со земјоделците. Еве бевме денес во „Еурокомпозит“ заедно со вработените во „Еурокомпозит“ разговаравме за сите оние лаги и неисполнети ветувања од страна на Владата на СДСМ, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мислам дека имаме знаење, сигурен сум дека имаме знаење, имаме план, имаме визија. Знаеме како најголемиот дел од тие проблеми да ги решиме. Нема да ветуваме чуда, нема да ветуваме нешто што не сме во можност да го испорачаме. Ние не сме ниту СДСМ, ниту Зоран Заев. Ние сме луѓе кои што пред се сакаат честито да настапат пред граѓаните со кои што комуницираат. Имаме конзервативен пристап, односно пристап – вети она кое што, можеш да го испорачаш, а не ветувај популистички само да останеш на фотелјата, а потоа сето тоа да го заборавиш. Така што мислам дека ќе биде или да не бидам претенциозен сигурен сум дека ќе биде препознаена од граѓаните, и дека после 12-ти април ќе можеме сето тоа што сега го зборуваме и за кое се обврзуваме со договор пред граѓаните да го испорачаме, истакна Мицкоски.
Имавме состанок со вработените во „Еурокомпозит“, таму ситуацијата е алармантна. Станува збор за долгови повеќе од 5 милиони евра кон вработените и кон доверителите. Разговаравме за сето она кое што било ветувано од страна на најпрвин поранешниот вицепремиер г. Анѓушев, од г. Заев. Помалку комични ветувања. Она кое што ние им го дадовме како одговор е дека од сето она кое што го слушнавме ќе се обидеме да извлечеме решенија кои што ќе бидат долгорочни. Кои што ќе бидат во корист на сите оние вработени кои што се сега таму повеќе од 60-тина и оние 190-тина кои што се прогласиле за технолошки вишок. И дека владата на ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април ќе понуди едно одржливо вакво решение. На состанокот со регионалната стопанска комора, со стопанствениците разговаравме и морам да признам ги слушнавме сите критики не само за оваа влада но и за сите оние изминати влади во овие 28 години независна македонска држава. Презентиравме она што ќе биде дел од нашата програма, како политики, како мерки кои што ќе бидат применувани. Делот од тие мерки се во согласност со нивните потреби, со нивните барања. Нормално тие се би рекол конзервативни од сето она што го слушав, бидејќи често пати во минатото се изнаслушале многу ветувања од страна на политичарите но за жал испораката била скромна или била многу мала. Ние тука не можеме ништо повеќе да направиме од она кое што го кажавме на состанокот, а тоа е да се обидеме да ги убедиме, а потоа по 12-ти април тоа кое што денеска го зборуваме и да го испорачаме. Свесни сме за реалноста. Свесни сме за разочарувањата во Македонија. Свесни сме дека перцепцијата за политичарите е дека еве ги овие дојдоа да лажат за да можат после да крадат. Се надевам дека како генерација млади луѓе, генерација политичари тоа што денеска го презентираме ќе биде доволно убедливо за да ја добиеме поддршката од мнозинство граѓани, а потоа после 12 април и да ја оправдаме таа поддршка која што денеска ќе ја добијам, изјави Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.