Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на странски инвестиции истакна дека Македонија се наоѓа во катастрофална ситуација во однос на регионот и нагласи дека решението за излез од оваа состојба се брзи предвремени парламентарни избори, нова влада и луѓе кои што имаат јасен план и методологија како да работат.

Катастрофално Македонија е на дното во регионот, првата половина од годината имаме најнизок број странски инвестиции дури и Косово има повеќе, 10 проценти од Македонија која што се уште е во таква ситуација во каква што се наоѓа, Албанија има исто така повеќе од 250 -260 милиони евра од нас, Србија е рекордер со милијарда и седумстотини катастрофална ситуација и тоа е само поради големото ниво на корупција и криминал, бидејќи само пред неколку години ние бевме лидери во регионот односно сите доаѓаа овде да учат и да препишуваат како се привлекуваат директни странски инвестиции. Така што оваа корумпирана и криминална влада на СДСМ и ДУИ не само што не знае да работи туку и со нивниот начин на работа ги ограничува и домашните инвеститори не само странските, затоа ние денес се наоѓаме во ваква ситуација каква што се наоѓаме, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски додаде и дека решението за оваа ситуација во која што се наоѓа Македонија се брзи предвремени парламентарни избори.

Решението за ова се брзи предвремени парламентарни избори, нова влада и луѓе кои што имаат јасен план и јасна методологија како да излеземе од оваа кал во која што тие не турнаа, нагласи Мицкоски.