Министерот за економија, Крешник Бектеши преку социјалната мрежа Фејсбук информираше дека се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи.

– Се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи!

На предлог на Министерството за екомија, Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на:

– леб;

– шеќер;

– брашно – тип 400;

– сончогледово масло за јадење;

– трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;

– свежо месо и сувомеснати производи;

– сирење и урда

Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година. – напиша на Фејсбук Бектеши.